Путин и Ал Нахајан разговараа за западното ограничување на цената на нафтата

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Русија и на Обединетите Арапски Емирати, Владимир Путин и шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан телефонски разговарале за одлуката на западните земји да воведат непазарни ограничувања на цената на руската нафта, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Loading...

„Двете страни ја истакнаа ефективноста на заедничката работа во рамките на групата ОПЕК + за да се обезбеди стабилност на светскиот пазар на нафта. Тие со задоволство забележаа дека сите земји учеснички доследно ги спроведуваат договорените одлуки“, се наведува во соопштението, пренесува Тасс.

Се додава дека двајцата државници „во тој контекст ја допреле ситуацијата поврзана со напорите на голем број западни земји, кои се спротивни на принципите на светската трговија, да воведат антипазарни ограничувања на цената на руската сурова нафта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија тајно развива застрашувачко ново оружје

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.