Путин го повика Ким Џонг Ун на проширување на билатералните односи

Сподели со своите пријатели

По повод националниот празник на Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во кое посочи дека двете земји „ќе ги прошират сеопфатните и конструктивни билатерални односи преку заеднички напори“, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.

Loading...

Во извештајот на севернокорејската новинска агенција KCNA, се наведува дека во писмото до Ким за Денот на ослободувањето на Северна Кореја, Путин рекол дека поблиските врски ќе бидат во интерес на двете земји, оценувајќи дека тоа ќе помогне да се зајакне безбедноста. и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот на североисточна Азија, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25 загинати откако автобус кој превезувал луѓе на свадба во Индија паднал во провалија