Путин: Евакуирајте ги цивилите од Херсон, таму е најопасно

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека цивилите мора да бидат евакуирани од Херсон.

Loading...

Тој регион, кој е делумно окупиран од Русија, тој го нарече „најопасната зона“, објави руската режимска новинска агенција РИА.

Да потсетиме, Путин во септември го прогласи целиот Херсон за дел од Русија.

Главниот град на Херсон е истоимениот град, а воедно и најголемиот украински град окупиран од Русите од почетокот на инвазијата.

Но, пред извесно време Украинците тргнаа во контраофанзива чија цел е да го ослободат целиот регион од руската окупација, со клучно ослободување на градот Херсон.

„Луѓето кои живеат во Херсон треба да бидат евакуирани во близина на зоните на најопасните операции, бидејќи цивилите не треба да страдаат“, рече Путин за време на состанокот со про-Кремљ активисти, пренесе РИА.

Се повеќе шпекулации за повлекување на Русија од Херсон

Во последните денови многу се шпекулираше дали руските сили ќе се повлечат од градот Херсон.

Вчера, Кирил Стремусов, прорускиот лидер на Херсон назначен од Москва, рече дека руските сили „веројатно“ ќе се повлечат од левата страна на Днепар. Таа област го вклучува градот Херсон.

Loading...

Минатиот пат, проруските власти на Херсон наредија „итна“ евакуација на градот поради претстојниот украински контранапад.

Илјадници луѓе беа префрлени на другата страна на реката Днепар.

Херсон е стратешки исклучително важен град поради реката Днепар и фактот што е град со пристаниште на морето.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.