Путин доби покана за самитот на БРИКС во Јужна Африка

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин доби покана за самитот на земјите од БРИКС во Јужна Африка, а релевантните одлуки за неговото присуство ќе бидат донесени кога ќе се приближи датумот на состанокот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Песков го коментираше новинарското прашање дали Путин ќе присуствува на самитот на земјите од БРИКС што се одржува во август.

Земјите на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

На самитот ќе присуствуваат и голем број земји кои изразија намера да се приклучат на блокот, меѓу кои Аргентина, Иран и, според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, Индонезија, Турција, Саудиска Арабија и Египет.

Песков нагласи дека Русија продолжува да учествува во работата на БРИКС.

– Сметаме дека ова е многу важно здружение чие значење постојано расте. Се повеќе земји покажуваат интерес за работата на здружението, затоа продолжуваме да работиме на сите нивоа, од професионално до највисоко – додаде Песков, кој претходно изјави дека се уште не е одлучено за присуството на Путин на самитот.

Јужна Африка го презеде претседателството со БРИКС од Кина на почетокот на годината и ќе остане на чело до крајот на оваа година.