Путин бара богатство од хрватски музеј вредно милиони евра

Сподели со своите пријатели

Руски дипломати во Загреб се подготвуваат за првата службена посета на претседателот на Русија Владимир Путин на Хрватска, до која, како што неодамна најавил рускиот амбасадор во земјата Анвар Азимов, би можело да дојде до следната година.

Loading...

Како што наведуваат хрватските портали, на средбата со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ освен за гасоводот, руските инвестиции во хрватски компании, хотели, трговска размена и слично, на масата ќе се најде ипрашањето за слика на рускиот уметник Николас Рерих, роден како Николај Константинович Рерих, поточно, прашањето за враќање на 10 негови вредни слики кои повеќе од 85 години се во Модерната галерија во Загреб.

Иако сликите се добро чувани во Модерната галерија, рекол амбасадорот Азимов, Русија ќе ги бара назад затоа што „таму има поголема побарувачка за нив“.

Но, како што пренесува хрватски „Експрес“, до тоа најверојатно нема да дојде, затоа што законите не дозволуваат такво нешто.

Примопредавањето на сликите меѓу Југословенската академија на науки и уметносни и основачот на Модерната галерија, хрватското здружение „Штросмаер“, извршено е во 1934 година за што постои и записник.

– Во рамки на Законот за заштита и зачувување на културните добра, не е дозволен нивен траен, временски, неограничен извоз и изнесување од Република Хрватска, стои во дописот кој од Министерството за култура го испратиле до „Експрес“.

Очигледно тоа е големо „њет“ за желбата на Русија.

фото: Пиксабеј

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *