Путин: Агресивни обиди за пишување историја и ослабување на Русија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека има сè поагресивни обиди на голем број земји да ја препишат светската историја со цел да ја ослабат Русија, но рече дека Русија „навремено и цврсто постави бариера“ против напорите за загрозување на нејзиниот национален суверенитет.

Loading...

„Обидите на голем број земји да ја преработат, да ја преобликуваат светската историја стануваат сè поагресивни. И тие имаат очигледна цел, а тоа е да го поделат нашето општество, во најмала рака, да му ги одземат обележјата и конечно да ја ослаби Русија, да влијае врз нејзиниот суверенитет, да ја разниша“, рече Путин на состанокот на организацискиот одбор за прославата на Денот на победата.

Тој предупреди дека, како што наведе, создавањето митови, односно препишувањето на историјата е токму почеток на поткопувањето на државата, што, како што рече, се случило и во Украина, пренесува Спутник.

„Имаше обиди да го сториме истото со нашата земја – со Русија, но, како што реков претходно, поставивме барикада навреме и доволно цврсто за да ги браниме нашите интереси“, рече Путин.