Пуштена во употреба улицата „Перо Стојмановски“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во населбата Тоде Мендол, градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска ја пушти во употреба улицата „Перо Стојмановски“.

 

[huge_it_gallery id=”417″]

 

Проектот започна пред една година, а улицата е пуштена во употреба откако првин беше решен канализациоскиот проблем со улицата „Перо Илиевски“.

Тоа е една улица која мигрира огромен број на стамбени единици, значи должина е околу 300 метри, поточно 296 метри и поврзува две главни артерии, а тоа е Тоде Мендол и улицата „Доктор Рибар“, покрај Серава две паралелни улици. Значи влегуваме во фазата кога како што објавивме во почетокот на годината, решавање на инфраструктурни проекти на повеќе сообраќјаници во градот – изјави градоначалникот Дамјановски.

Освен оваа улица, во близина е решен проблемот со уредување на улицата Севдо Станковски, а во тек е изградба на улицата „Перо Илиевски“ откако ќе завршат активностите со канализациската мрежа. Со завршување на улицата „Романовска“ се решаваат комуналните и инфраструктурните проекти во оваа населба.

Проектот е 1.650 квадратни метри, 300 метри должина, некаде околу два милиони и 400 илјади денари се потршоени и плус милион и сто илјади денари за канализационата мрежа – додава Дамјановски.

Имено паралелно течат градежни активности кај џамијата „Дули“ со што овој дел од градот ќе добие целосно комунално уредување.