Пуштена во употреба сензорна соба во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пуштена е во употреба целосно опремена сензорна соба во општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце во Општината Старо Нагоричане.

Loading...

Собата е пред сè наменета за децата со посебни образовни потреби кои се вклучени во редовната настава во самото училиште, а истата ќе може да се користи и од страна на децата со типичен развој при работа во групи.

 

 

Во просторијата беа поставени нови прозорци, нов под, светла, разни игри и помагала, како и спортски реквизити. Оваа сензорна соба е изградена со финансиска помош од Британската Амбасада, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е поддржан од Европската Унија.

На официјалното пуштање во употреба на сензорната соба беа присутни заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство – Доминик Отвеј, заменик-министерот за образование и наука – Арафат Шабани и директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“ Сузана Киранџиска.

 

Loading...

 

На отворањето на собата се обрати заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство Доминик Отвеј кој рече:„Воодушевен сум што сум денес овде да го поддржам отворањето на првата сензорна соба во ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце. Го поддржавме овој проект за да ги подобриме можностите за образование на децата со попреченост и да придонесеме за нивниот развој. Средината за учење и рехабилитација за деца со попреченост се клучни за градење инклузивно општество за сите. Се надеваме дека оваа сензорна соба ќе биде од корист за локалната заедница и ќе даде пример за инклузивно образование“.

 

 

Заменик-министерот за образование и наука, Арафат Шабани истакна дека ја поздравува работата на проектот и заложбата за поголема инклузија во образовниот процес и додаде дека Министерството за образование и наука и институциите на системот работат и ќе продолжат да работат во истата насока.

„Фондацијата „Чекор по чекор“ повеќе од 20 години реализира проекти од областа на образованието и секогаш се обрнува особено внимание на ранливите категории“, рече директорката на Фондацијата, Сузана Киранџиска. „Особено сме горди што го реализираме проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој се застапува за вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта“, додаде таа.

Loading...

Интегрално соопштение


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *