Пушилин: Блиску сме до преземање на контролата над Соледар

Сподели со своите пријатели

Блиску сме руските војници да ја преземат контролата над Соледар, тврди Денис Пушилин, вршител на должноста шеф на самопрогласената Доњецка Народна Република, чија анексија беше објавена од Русија.

Loading...

Според Пушилин, борбите се водат во западниот дел на градот.

Украинските власти вчера објавија дека руските сили ги насочиле сите сили на Соледар и дека ситуацијата таму е тешка.

Соледар се наоѓа во близина на Бахмут, важен транспортен центар.

Низ тој град минува мрежа од патишта и железници преку кои се снабдуваат украинските војници во Донбас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одби масовен напад на руски дронови врз Киев