Пушела, јадела килограм чоколадо неделно: Како најстарата жена во светот доживеала 122 години?

Сподели со своите пријатели

Пред сто години, просечниот животен век на човекот бил некаде во средината на 30-тите. Денес, глобалниот животен век е 72 години, а во некои делови од светот се приближува до 90.

Loading...

Во основа, за само еден век сме си дале цел нов живот. Сепак, без разлика колку долго се зголемил животниот век, оние кои живеат до сто сѐ уште се ретки.

Најстариот човек кој некогаш живеел, успеал да доживее 122 години, тоа била Жан-Луј Калмнет која е родена во 1875 година во Франција.

Жан веќе била во средината на дваесеттите години на почетокот на 20 век и живеела до 1997 година. За само три години, таа требала да биде првата жена во светот што живеела дури три века.

Меѓутоа, на 122-годишна возраст, Жан-Луј Калмент е запишана во Гинисовата книга на рекорди како личност која живеела најдолго.

Ајде да ставиме малку од тие бројки во перспектива. Таа е родена десет години по завршувањето на американската граѓанска војна и десет години пред „Војна и мир“ на Толстој за првпат да биде преведена на англиски јазик.

Таа починала во годината кога Тони Блер бил избран за британски премиер. За време на нејзиниот живот, таа била сведок на пронаоѓањето на светилките, телефоните, автомобилите, телевизијата, компјутерите, атентатот на Франц Фердинанд и тројца американски претседатели, двете светски војни, ерата на џезот, Хирошима, Црното движење на САД и подемот на интернетот.

 

Loading...

 

Таа го запознала и Ван Гог

Жан-Луј дури и лично го запознала Винсент Ван Гог. Таа имала 13 години, а нејзиниот иден сопруг поседувал продавница со материјали за сликање во Арл – каде Жан понекогаш помагала.

Во тоа време, непознатиот сликар доаѓал неколку пати да купи платна. Жан не била импресионирана од тоа што се запознала со еден од најпознатите сликари, па рекла дека е грд, отечен од алкохол, а околу него секогаш се ширила непријатна миризба.

Таа, исто така, тврдела дека тој ги посетувал борделите низ градот – не затоа што можел да има секс со проститутки (прескапо), туку затоа што му продавале евтин алкохол.

Најстарата жена на светот ги надживеала не само своите деца, туку и нејзината внука. Нејзиниот сопруг починал кога имала 74 години (отруен од расипани цреши), ќерката кога таа имала само 36 години (пневмонија), а внукот кога имал 37 години (сообраќајна несреќа).

На 90-годишна возраст, Жан потпишала договор за доживотна издршка, а мажот од другата страна на договорот, кој бил 40 години помлад, сметал дека ќе ја надживее и ќе го добие нејзиниот стан.

Loading...

Наместо тоа, Жан го надживеала и неговото семејство морало да продолжи да ја поддржува дури и по неговата смрт.

Последните неколку децении од животот ги поминала во дом за стари лица каде што секогаш била најстара, но редовно ги надживувала другите станари.

 

 

Кога наполнила сто години, сè уште возела велосипед

Честопати, кога ќе слушнеме за некој над сто години, се прашуваме која е неговата тајна, надевајќи се дека постои некој таен трик кој може да ни помогне да доживееме длабока и среќна старост.

Жан била религиозен католик која одела во црква, но не верувала во задгробниот живот. На многу млада возраст се омажила за богат братучед и затоа секогаш била слободна да се занимава со своите хоби, како што се тенисот и велосипедизмот. Кога наполнила сто години, сè уште возела велосипед!

Loading...

Таа користела маслиново масло како навлажнувачки крем за лице, а маслиновото масло исто така заземало видно место во нејзината исхрана. Но, и покрај активниот начин на живот, за Жан не може да се каже дека живеела сосема здрав живот, лишена од какви било пороци и штетни навики.

Познато е дека пушела пури после вечерата додека не се префрлила на цигари. Сепак, таа обично не пушела повеќе од две цигари дневно.

Следниот пат кога ќе ви кажат дека шеќерот, солта и пржената храна убиваат, спомнете ја најстарата личност што некогаш живеела.

Имено, Жан сакала вино, чоколадо и пржена храна – понекогаш премногу. Негувателите во нејзиниот дом за стари лица известија дека таа понекогаш јадела половина килограм чоколадо за една недела.

 

Loading...

 

Има уште еден фактор кој секако придонел за нејзината долговечност: таа била многу опуштена личност која наводно не била често под стрес, а се чини дека била и духовита личност.

Во едно интервју, кога имала 119 години, еден новинар се обидел да се пошегува на неа велејќи:

„Ова би можеле повторно да го направиме следната година.“ Жан одговорила – „Не гледам зошто да не. Не изгледаш толку лошо“.

Иако имало и други кои тврделе дека се постари, никогаш немало извод од матична книга на родени за да го докаже тоа, па таа останала најстарата забележана личност која некогаш живеела.

Loading...

Научниците проценуваат дека шансата некој да доживее 125 години е една на секои 10.000 години – и тоа во најдобри околности.