Пукање во Вашингтон: Едно лице загина, петмина се повредени

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а пет се повредени, меѓу кои и две деца, откако вооружени напаѓачи отвориле оган во станбена област во Вашингтон, соопшти американската полиција.

Loading...

Врз основа на прелиминарните информации, осомничените излегле од возилото и „почнале да пукаат во толпата луѓе надвор“ во средата, нешто по 18:00 часот по локално време, изјавила началникот на полицијата Памела Смит на новинарите, пренесува ABC news.

Еден човек е убиен во престрелката, рече Смит.

Двајца мажи, една жена и две момчиња, на возраст од девет и дванаесет, се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Барак и Мишел Обама ја поддржаа Камала Харис

Полицијата соопшти дека трага по светлосиното возило марка „тојота“ во кое двајцата осомничени за пукање се оддалечиле од местото на настанот, јавува ABC news.