Полицијата во Хјустон реагирала на извештаите за пукање во градската болница Бен Тауб. Зградата е затворена, с ите пациенти биле евакуирани.
Службениците ги пребаруваат просториите на болницата, но се уште не пронашле жртви, наведува полицијата на Хјустон.
Сите пациенти и вработени се на сигурно – напишал на Твитер тамошниот шеф на полицијата и додал дека нема жртви, но пребарувањето продолжува.
Бен Тауб е дел од медицинскиот центар во Тексас, а поврзан со унивезитетот за медицина Бејлор.
Loading...