Пукање во американско училиште: Двајца мртви, 17 повредени

Сподели со своите пријатели

Две лица се убиени во пукање во средното училиште во Кентаки, додека 17 се ранети. Напаѓачот е приведен, а деталите за нападот не се познати.

Медиумите претходно јавија дека 19 се повредени, но бројката подоцна е намалена. Помеѓу повредените се и 12 лица кои имаат прострелни рани. Една девојка е убиена на местото на нападот, додека момчето преминало во болница.

Очевидците наведуваат дека скоро 100 ученици излетале врескајќи од училиштето за време на пукањето, барајќи место за криење.

Гувернерот Мет Бевин на интернет објави дека инцидентот се одриграл во утринските часови по локално време во средното училиште „Маршал каунти“. Како наведува, нападот оставил рана за која ќе биде потребно време да се залечи.

Полицијата соооштува дека нема причини да се верува дека некој друг, освен приведениот, учествувал во нападот.

Набргу пред училиштето пристигнале амбулантни возила и полиција, како и родителите кои се обидувале да ги пронајдат своите деца.

Деталите за осомничениот  и мотивот за нападот, засега не се познати.