Полицијата во Тексас бара маж кој пукал во фризер, бидејќи направил лоша фризура на неговиот 13-годишен син.
Полицијата во саботата одговорила на пријавата за пукање во берберница на улицата „Франк“, во градот Катију, каде клиент наводно пукал фризер и избегал од местото на настанот, пренесува Си-Ен-Ен.
Детективот Валас Вајат изјави дека пукањето се случило по расправија поради лошата фризура на 13-годишниот син на осомничениот.
– Прво отидоа дома, а потоа се вратија. Фризерот се обидел бесплатно да ја санира фризурата на момчето и тогаш избувнала расправијата – рече Вајат.
– Ова е една од најлошите расправии што сум ја чул. Особено затоа што синот на осомничениот бил таму и гледал што се случува“, додаде тој.
Се очекува фризерот да преживее, тој во моментов е во болница во стабилна состојба.
Кабинетот на шерифот соопшти дека осомничениот е Афроамериканец кој управува со сива Хонда.