Птици паѓаа од небото: Глетката ги исплаши луѓето, а научниците имаат едно објаснување (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотици птици паднаа од небото во Мексико, а се истражува и причината за мистериозниот настан во градот Кваутемок во провинцијата Чивава.

Loading...

Голем број птици угинале и останале да лежат на земја, а падот на јатото го забележале и безбедносните камери.

Видеото е снимено во раните утрински часови на 7 февруари, а граѓаните повикале полиција, која на улица пронашла околу стотина мртви птици, јавуваат мексиканските медиуми.

Според очевидци, птиците паднале околу пет часот наутро.

Утврдено е дека се работи за вид жолтоглав мршојадец, кој живее на северот на Канада, а презимувал во Мексико како мигрант.

Полицијата повика ветеринари и зоолози, кои изнесоа неколку можни теории за тоа што се случило, но ниту една засега не е потврдена.

Според експертите, птиците можеле да угинат поради вдишување отровни гасови од блиската топлана или силен струен удар доколку стоеле на електрична жица.

Некои медиуми надвор од Мексико ја изнесоа тезата дека е грешка во мурмурација, односно формирањето големо јато.

Loading...

Ваква грешка најчесто се случува кога птиците кои се во големо јато се обидуваат да побегнат од предаторите, па нивната меѓусебна координација во јатото се губи и доаѓа до колапс поради судир меѓу себе.