Подигањето деца е доста комплексна задача. Колку и да се трудите, сигурно понекогаш ќе се најдете во ситуација кога вашето дете прави нешто погрешно, турка, удира или навредува друго дете или возрасен.
Многу родители во такви ситуации прават нешто што им изгледа логично – го натераат детето да се извини.
Децата родени во втората половина од годината повеќе подложни на депресија
„Извинувањето може да биде одличен начин да се изедначат работите меѓу децата, но принудувањето на тоа е сосема погрешно“, вели Лора Маркам, детски психолог и автор на книгата „Peaceful Parent, Happy Siblings: How to Stop the Fighting and Raise Friends for Life“.
Еве зошто присилното извинување не е добра идеја и што треба да прават родителите.
Не прави ништо
„Децениските истражувања на романтичните врски покажуваат дека кога една личност во пар се чувствува принудена да се извини пред да биде подготвена, тоа воопшто не помага да се поправи нивната врска“, вели Маркам „Веруваме дека истото важи и за децата кога се во прашање пријателите и браќата и сестрите.
ТЕРАПЕВТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Децата кои добиваат ќотек се склони на дрога и депресија
Со присилување, ќе постигнете само да го посрамотите вашето дете, и како што објаснува Маркам: „Кога децата се срамат, тие се чувствуваат лошо, што значи дека треба да ги правите работите подобро“.
Наместо да ги присилувате да се извинуваат, помогнете им да научат да комуницираат
„Сакате да го поттикнете вашето дете и да му помогнете да се гледа само себеси како дарежлива личност која може да ги исправи работите кога ќе направи грешки“, истакнува Маркам.
Родителите треба да им дозволат на постарите деца да се обидат сами да сфатат како можат да го поправат направеното. Дајте им неколку предлози и идеи, но оставете им ја одлуката како да ги поправите работите.
Играњето на отворено придонесува за подобар вид кај децата
Извинувањето е важна алатка во сите врски, но ако ги научиме децата да се извинуваат без размислување секогаш кога нешто ќе тргне наопаку, тоа го губи значењето и силата. Исто така, децата ја пропуштаат можноста всушност да научат од своите грешки, пишува Your Tango.