Децата родени во втората половина од годината повеќе подложни на депресија

Сподели со своите пријатели

Децата родени во текот на летните месеци може да имаат поголема шанса да заболат од депресија пред да наполнат 14 до 16 години, покажала студијата.

Loading...

Според Индепендент, научниците откриле дека децата родени во втората половина од годината се изложени на зголемен ризик од 30% да станат жртви на депресија во однос на нивните врсници родени во првата половина од годината.

Истражувањето, предводено од Лондонската школа за хигиена и тропски болести, треба да стане основа за понатамошно истражување за причините за депресија кај учениците, велат научниците.

Овие наоди, меѓу другото, се резултат на претходните истражувања од кои се дошло до заклучок дека помладите деца имаат послав успех на училиште во во споредба со постарите ученици. Оваа студија вклучува еден милион млади луѓе во Велика Британија, но не идентификува потенцијална врска помеѓу староста и депресијата.

Други проблеми, како што е послаб успех и одности со врсници, исто така може да бидат некои од причините за проблеми со менталното здравје, се вели во извештајот.

Научниците тврдат дека постојат начини да се спречи проблемот опишан погоре, но прашањето е колку може да се докаже ефективно.

Тие посочуваат дека родителите во некои земји можат да го одложат запишувањето на децата за една година. На пример, во Англија, родители на деца родени меѓу април и август може да бараат одложено запишување со цел децата да одат на училиште на 5 наместо на 4 години.

Професорот Јан Даглас рече дека само еден процент од најмладите ученици имале дијагностицирана депресија пред 16-годишна возраст и дека е добро што свеста за важноста на менталното здравје се зголемува секој ден.

Loading...

Leave a Reply