Психо-социјална поддршка за деца, млади и родители на телефонскиот број 072 912 676

Сподели со своите пријатели

Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите, соопшти Министерството за образование и наука.

Loading...

Во таа насока, како што се посочува, линија за помош на деца, млади и родители воспоставија министерствата за образование и наука, за здравство и за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија.

 

 

Телефонскиот број 072 912 676 е достапен секој ден од 9 часот до 19 часот и на истиот, секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност, се наведува во соопштението.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply