14.02.2020 01:01

Прво тестирање на камерите на Galaxy S20 Ultra

Facebook Twitter Google+

Една од најинтересните карактеристики кај Galaxy S20 серијата, особено кај S20 Ultra, е системот камери и функциите со кои доаѓаат. Меѓу овие функции е и 100x Space Zoom:

Galaxy S20 Ultra е фаворит на голем дел од Android фановите. Овој премиум уред има голем, 6.9 инчен дисплеј со резолуција од 1440 x 3200 пиксели и 20:9 тело-дисплеј сооднос.

Loading...

Работи на Snapdragon 865 во Америка или Exynos 990 во Европа. Има 12GB RAM и 256GB меморија, а достапна е и верзија со 16GB RAM и 512GB меморија. Батеријата е со капацитет од 5000 mAh. 

Како што рековме, највозбудливиот дел се камерите. Системот камери на задната страна има нов дизајн и нови сензори. Од нив, главниот е од 108 мегапиксели.

Заедно со него е присутен и втор сензор кој е од 48 мегапиксели и има функција наречена 100x Space Zoom. Има и 12 мегапикселна ултра широкоаголна камера, како и ToF сензор. 


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments