Прво место за Филип Наковски од Балканското кик-бокс првенство (фото)

Сподели со своите пријатели

Викендов во Босна И Херцеговина,во градот Тешањ се одржа балканско првенство во кик-бокс, каде Филип Наковски, член на КБК „Куманово 2006“ повторно забележа поголем успех.

Тој победи во категоријата до 84 килограми во дисциплината кик-лајт на татами, каде во финалето го совлада противникот Жан Ризман од Словенија. Победа ја извојува на поени во сигурна и убедлива борба во која беше доминантен цело време.

 

Loading...

url

 

Со Филип Наковски патуваше и неговиот тренер Сашо Илиевски, кој е задоволен од резултатот и пресреќен што достојно го претставивме градот,клубот и државата на завидно ниво.

Благодарност до Градоначалникот Зоран Дамјановски и Општински Сојуз на Спортови, кои помогнаа да го реализираме ова патување и учество на турнирот. Очекуваме успеси и во иднина – изјави Илиевски.

Инаку, Наковски претходно освои прво место и на Државното првенство Македонија.