Првите нуклеарни преговори можеда сеодржат на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Русија и САД разговараат за одржување разговори за стратешко нуклеарно оружје за првпат откако Москва испрати војници во Украина, објави во вторникот рускиот весник Комерсант, цитирајќи повеќе извори запознаени со разговорите.

Loading...

Разговорите меѓу двете страни за стратешка стабилност се замрзнати откако Русија ја започна својата воена кампања во Украина на 24 февруари, иако Договорот за намалување на нуклеарното оружје Нов СТАРТ останува во сила.

Разговорите би можеле да се одржат на Блискиот Исток, пишува весникот, додавајќи дека Москва повеќе не ја гледа Швајцарија, традиционалното место на одржување, како доволно неутрална откако воведе санкции кон Русија поради Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД