Првите фотографии од новата верзија на Нокиа 3310 (видео)

Сподели со своите пријатели

Неодамна како бомба стигна веста дека прочуениот модел на Нокиа телефонот – 3310, беше произведен и во модерна верзија. Се појавија и првите фотки од телефонот за кои многумина се сомневаат дека се вистински.

Според копанијата HDM Глобал, која ги откупи правата на користење на брендот на Нокија, новата верзија на Нокија 3310 ќе чини 59 евра. Телефонот веројатно нема да биде смартфон и ќе пружа опција како и оригиналниот модел 3310 – телефонирање, испраќање пораки и силна батерија која ќе трае со денови.

Претставувањето на легендата на мобилниот телефон треба да се случи на крајот на месецот, на Светскиот конгрес на мобилна технологија во Барселона.

Тогаш ќе дознаеме дали новиот модел ќе изгледа токму вака.

Loading...