Хормонските апчиња со кои се спречува бременоста се достапни за жените повеќе од 60 години, додека на полиците во аптеките не постои ништо слично наменето за мажи. Меѓутоа, ова наскоро би можело да се промени. Тим истражувачи од Универзитетот во Вашингтон објавија податок дека нивните пробни таблети за контрола на бременоста ги минале тестовите за безбедност.
Во испитувањето кое траело 28 дена никој од учесниците не покажал несакани дејства на лекот, а тоа е проблем кој досега го расипак секој обид за такви апчиња да се најдат во употреба.
Како функционираат таблетите?
Научниците наведуваат дека балгодарноста за успешното тестирање се должи на активното средство кое се наоѓа во составот на апчињата и дека тоа се два хормони во едно. Станува збор за комбинација од прогестерон и модифициран тестостерон. Овој хибриден молеук овозможува телото секогаш да се одржува во избалансирано ниво на хормони.
– Со комбинација на прогестерон и тестостерон се избегнува намалениот сексуален нагон и други здравствени проблеми кои се јавуваат како последица на намалениот природен баланс на хормоните, објаснува др. Кристина Ванг за „Лајв Саенс“.
Др. Ванг работела на тестирањето на таблетите на Универзитетот во Вашигтон, при Школата за медицина во Сиетел.
Кога хормоните се оделени, на процесите во телото идентични дози им се ослободуваат со различна брзина. Прогестеронот спречува произведување сперма и го намалува природното ниво на тестостерон, а ако тестостеронот премногу се намалу се зголемува веројатноста од појава на здравствени проблеми како крвни згрутчувања, депресија итн.
Идејата е хормоните да се ослободуваат истовремено и исто така синрхонизирано да се намалуваат.
– Со оглед дека апчињата кои ги смисливме соединуваат прогестерон со нешто што е приближно слично на тестостерон, таков молекул овозможува нивото на сперма да биде доволно ниско, а истовремено да постои доволно ниво на модифициран полов хормон кој ќе ги одржува останатите функции нормални, истакната др. Ванг.
Постапка на тестирањето
Во текот на 28 дена испитаниците биле поделени во три групи и земале таблети од 200 и 400 милиграми активна состојка или добивале таблети со плацибо ефект. Со тестирање е утврдена само безбедноста на лекот, но не и неговата делотворност, за да лекот делува потребни се 60 и 90 дена да за да се намали произведувањето на спермата.
Ниту еден испитаник не ги потврдил птоенцијалните несакани дејства, покачен кривен притисок или депресија. Сепак, 22 учесници (од вкупно 30) пријавиле појава на акни, главоболка, намален сексуален нагон, блата еректна дисфункција и умор, акко и зголемена телесна тежина од 2 до 4 килограми, во зависност од дозата на лекот. Меѓу нив и три лица кои добивале лажни апчиња.
Неразјаснето е уште што би се случило доколку апчињата се земаат подолг период. Моментално се спроведуваат тримесечни испитувања на глувци и мајмуни, а кога ќе се утврдат нивните резултатит истите истржаувања ќе се спроведат и на луѓе.
Крајна цел е таблетите да се трансформираат во инекција, затоа што мажите не се расположени секојдневно да пијат апчиња.
Резултатите се претстави на 24 март на ЕНДО 2019, годишна конференција на Здружението на ендрокринолози, а студијата е објавена нешто претходно.