Првиот ден од август со локално нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Август го започнуваме со сончево утро и локално нестабилно попладне, јавува Метеопро.

Loading...

Попладневната и рано вечерната нестабилност има поголеми изгледи во западниот крај, на југ околу Кожуф и на исток околу Малешевијата, Пијанец и Осогово. Во секој случај, процесите како последица на нестабилноста, за разлика од петок, ќе бидат релативно послаби.

И понатаму потопло ќе биде во јужата половина од земјата, околу 37°С во југоисточниот и околу 34°С во југозападниот крај. Во котлините од северниот регион максималната ќе достигне околу 34°С.

УВ индекс: 9


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.