Првиот декемвриски ден ни носи сонце и двоцифрени температури

Сподели со своите пријатели

Официјално влеговме во последниот месец од оваа година, но температурата и натаму останува релативно висока и необична за овој период.

Loading...

Така денот денеска започна со ведро, но студено утро, додека во текот на денот можеме да очекуваме и нешто повисоки температури.

Утрото ни донесе температурни вредности неколку степени под нулата и слаб мраз низ котлините, пренесува проталот метеопро.мк.

Што се однесува до максималните дневни вредности на температурата на взодухот, можеме да очекуваме од 11 до 15 степени целзиусови.

Во околината на Куманово ќе имаме нешто слично време, односно релативно сончево време, со многу мали услови за наоблачување во попладневните часови. Утринската температура се спушти до три степени под нулата, додека максималната дневна ќе достигне до 11-от степен целзиусов.

Слично време не очекува и во наредните неколку денови, односно до крајот на работната недела можеме да очекуваме двоцифрени температурни вредности.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.