Првичните тестови на починатата кумановка биле негативни

Сподели со своите пријатели

Првичните тестови направени на сега веќе починатата кумановка од коронавирус биле негативни, информираше вечерва на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Тој рече дека, жената прв пат во кумановската болница дошла со температура на 16ти март. Немала ниту кашлица, ниту други симптоми. Веднаш ѝ биле поставени прашања за епидемиолошката анкета, при што истата рекла дека не патувала во странство, немала контакт со заболено лице. Притоа лекарите ѝ дале терапија и била пуштена на домашно лекување.

– Следниот ден дошла со синот, двајцата со покачена температура и без кашлица. Направена е анкета на која се негирани било каква поврзаност на евентуален контакт со странец, заболен или патување во странство, според изворите од болницата во Куманово. На 17ти и 18ти март примаат терапија и немаат кашлица, појаснува министерот.

На 19ти март со нешто потежок наод не белите дробови со индикација за рендген снимка била констатирана пневмонија и жената и нејзиниот син биле сместени во Одделот за изолација во кумановската болница, тогаш се земаат брисеви од двајцата за корона тест.

– На 19ти и 20ти направени се во два наврати анализи на материјалот, на 19ти на двајцата и тие се негативни, а на 20ти се повторува тестот на мајката со оглед дека тоа стои во препораките на СЗО ако негативен тест е во комбинација со клиничка слика која може да укажува на постоење на болест предизвикана од корона и тој тест е негативен, вели министерот.

На 21 состојбата на жената се влошува, биле направени обвиди за реанимација, но без успех и пациентката починала.

– Со оглед на компликацијата која настанала нагло, земен е посмртен материјал кој е испитан и тестот е позитивен на коронавирусот. Преиспитани се повторно материјалите земени иницјално и повторно е потврдено дека тие се негативни. Разговаравме интензивно со експертите консултиравме литература, тестот никаде во светот не е 100 отсто сензитивен, вели Филипче.

Во моментот се прави епидемиолошка анкета со сите здравствени лекари од кумановската болница и ќе се постапи согласно информациите, податоци и начин на пристапување, дали ќе одат во изолација или ќе се направат соодветни тестирања на коронавирусот, појаснува Филипче.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply