ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Како се гласаше во Старо Нагоричане?

Сподели со своите пријатели

Првичните неофицијални резултати од референдумот на сајтот на ДИК покажуваат дека 83,50% од гласачите во општината Старо Нагоричане гласале „ЗА“ на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, додека „против“ гласале 11,09% од граѓаните. Во графата останати има 5,41 отсто.

Во бројки тоа се 572 гласови „ЗА“ и 76 „ПРОТИВ“.

На државно ниво „за“ гласале 90,95% од гласачите, но со напомена дека станува збор за првични резултати и процесирани само 33,53% од избирачките места.

Статистиката е заклучно 20:42 часот.

Leave a Reply