Први снимки од борбите во Израел: Прогласена воена состојба! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили прогласија воена состојба.

Loading...

Си-Ен-Ен објави дека израелските одбранбени сили прогласиле мобилизација, повикале резервисти и го подигнале тревогата за воена состојба.

Затворени се и неколку аеродроми во јужен и централен Израел. Сирените одекнуваат и во Ерусалим.

Палестинските милитанти во Појасот Газа рано во саботата неочекувано истрелаа десетици ракети врз цели во Израел, активирајќи предупредувачки сирени во неколку градови низ земјата, соопшти војската.

Израелски Хаарец пренесува дека повеќе од 120 луѓе се повредени во ракетниот напад, а најмалку четворица загинале.

 

 

Loading...

Истите медиуми јавуваат дека десетици палестински напаѓачи се инфилтрирале во Израел и држат цивили како заложници. Исто така, наводно имало и пукање во полициска станица.

Армијата ги повика жителите на јужните и централните делови на земјата да останат во заштитените подрачја.

Израел моментално го слави еврејскиот празник Симчат Тора (Радоста на Тора).

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан прогласи вонредна состојба во радиус од 80 километри од Појасот Газа, по ненадеен ракетен напад од таа палестинска територија и организиран упад на вооружени напаѓачи на израелска територија.

„Вонредната состојба“ ѝ дозволува на воената команда да ги ограничи собирите и да ја затвори областа, која ги опфаќа градовите Тел Авив и Бершеба.

Кабинетот за безбедност на највисоко ниво на Израел ќе одржи состанок во 13 часот по локално време, поради ненадејниот напад за кој одговорноста ја презеде Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пишува The Times of Israel.

 

Loading...

 

Пред средбата премиерот во 9 часот и 30 минути ќе ја процени состојбата со раководителите на безбедносниот сектор.

Во Ерусалим и околните градови утринава по втор пат се огласуваат сирени за тревога поради тековниот напад на терористичката група Хамас.

Жителите велат дека слушнале звук од повеќе ракетни експлозии или пресретнување на израелската воздушна одбрана.

– Овде во јужен Израел има апокалиптични сцени – јавува репортерот на „Фокс њуз“.

Како што се наведува понатаму, ракетата била истрелана и кон станбениот дел на Израел.

 

Loading...