Првиот случај на мајмунски сипаници кај дете е откриен во Германија. Досега во таа земја се регистрирани повеќе од 2.900 случаи на мајмунски сипаници.
Германскиот институт за јавно здравје „Роберт Кох“ соопшти дека е заразено четиригодишно девојче од градот Форхајм на југозападот на Германија.
Девојчето кое живее во заедничко домаќинство со двајца заразени засега нема никакви симптоми.
Болеста била откриена при преглед, кога и зеле брис од грлото. Девојчето немало контакт со никој надвор од нејзиното домаќинство.
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден во Германија пред неполни три месеци, а од тогаш се регистрирани вкупно над 2.900. Повеќето од заразените се мажи, а само седум се жени.
Институтот Роберт Кох нагласи дека според досегашните сознанија, вирусот се пренесува преку близок контакт, главно при сексуален однос.
Според нив, најголемиот дел од заразените немаат тежок тек на болеста.
Во почетокот на мај, мајмунските сипаници почнаа да се шират низ светот од земјите од Западна и Централна Африка, каде што болеста е ендемична.
Најмногу нови случаи на инфекција се регистрирани во Западна Европа.
Според Светската здравствена организација, само неколку деца се заразени во светот.
Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.