Првачињата од Куманово беа дел од настанот „Нацртај детелинка, сподели среќа“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели
 Настанот „Нацртај детелинка, сподели среќа“, кој се одржа  пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово е дел од промотивната кампања за општествена одговорност и подигнување на свеста за здрава животна средина.

Настанот го организираше Оливера Трајковска во соработка со општествено одговорната компанија „Бучен козјак“ од Куманово.

Loading...

– Настанот го посветивме на првачињата, со цел да им посакаме успешно поаѓање во училиште, иако задоцнето,  на некој начин да создадеме амбиент на среќа во овие услови во кои што моментално живееме. Затоа и го насловивме „Нацртај детелинка, сподели среќа“ бидејќи детелинката е симбол на среќата, а и заштитен знак на компанијата „Бучен козјак“, изјави Трајковска.

 

 

Целта на  настанот е да се стави акцент на заштитата на животната средина, со тоа што на најмалите им беа подарени промотивни платнени торбички со производите на компанијата.

– Подаривме промотивни платнени торбички со производи и промотивен материјал на „Бучен козјак“. Зошто ги избравме платнените торбички? Ставаме акцент на употребата на пластични кеси за еднократна употреба со тоа што со користењето на платнените торби го редуцираме нивното користење, а со тоа и создавање на дополнителен отпад кој претставува закана за животната средина. Во овој период на пандемија, кога се создава многу повеќе отпад со дополнителното користење на заштитните маски и ракавици, се обидуваме да го  намалиме отпадот со редуцирање таму каде што можеме. Исто така им поделивме на дечињата и пробиотик јогурт со цел од мали нозе да создадат навика на здрава исхрана и консумирање на производи кои се од витално значење за нивното здравје, појаснува Трајковска.

 

Loading...

 

Дечињата ги забавуваше маскотата Кравичка додека тие цртаа детелинки со креди во боја пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

 

 

Додека настанот се одржуваше беа поделени шеесетина промотивни пакетчиња, како и  дополнително производи на минувачите.

 

Loading...

 

–  Ова е прв настан од низата настани на промотивната кампања, која нема да биде само локално, во Куманово, ќе се имплементира на национално ниво. Конкретно со „Бучен козјак“ ќе имаме уште една акција на општествена одговорност за која дополнително ќе информираме и ќе ја реализираме кон почетокот на наредната година, вели Трајковска.

 

 

Трајковска се заблагодари на тимот од „Бучен козјак“ кој го сочинуваат Наташа Денковска – Бојковски, Бојан Стојковски, Милош Никиќ, Биљана Павловска и Драган Трајковски.

 

Loading...

 

– Изразувам посебна благодарност до нив, беа добри соработници, како тим поседуваат добри тимски способности и без нивна помош настанот не можеше да биде успешно реализиран. Секако благодарност и до сопствениците на самата компанија кои постојано поддржуваат општествено одговорни акции и важат за квалитетна компанија која се изградува како неприкосновен бренд, како на локално, така и на национално ниво, изјави Трајковска.

 

 

Loading...

 

Leave a Reply