Пар од Флорида одржа виртуелна свадбена церемонија во метаверзумот, додека во исто време се венчавале во реалноста.
Трејси и Дејв Гањон се запознале во октомври 2015 година во виртуелна форма како аватари, во „виртуелната канцеларија“ на Дејв, а парот од реалниот живот се запознал по состанокот за време на глобалната конвенција на нивната компанија.
Тие почнале да се забавуваат во март 2019 година, а по 3 месеци романса се свршиле, така што на 4 септември 2021 година парот се венчал во виртуелна капела.
Трејси изјави за Инсајдер дека извршниот директор на компанијата, за која работеле како агенти за недвижнини, дошол до идеја за виртуелна церемонија и венчавка.
Сестринска компанија која создава виртуелни простори создала виртуелен свет за венчавката Гањон во метаверзумот.
Традиционалната венчавка се одржала во реалниот живот со 100 гости во Манчестер, Њу Хемпшир, на 4 септември 2021 година, а гостите кои не можеле да дојдат поради ограничувањата поради пандемијата, славеле со парот во метаверзумот.
Едниот фотограф снимал вистинска свадба, додека другиот пренесувал во живо за виртуелни гости.
Венчаницата на Трејси послужила како модел за фустанот на нејзиниот аватар, за да изгледа повеќе како вистинската невеста, а виртуелниот аватар на парот бил специјално дизајниран за свадбената церемонија.
„Аватарите можат да танцуваат, аватарите можат да трчаат, аватарите можат да прават навистина кул работи. Мислам дека тоа покажува дека светот се променил и што би можело да се случи во иднина. Многу е возбудливо“, изјави Трејси.
Просечната цена на една свадба во метаверзумот е 30.000 долари, додека за таа со помалку корекции потребно е да се издвојат 10.000 долари.