Прва „Парада на гордоста“ денеска во Македонија

Сподели со своите пријатели

Во Скопје денеска ќе се одржи првата Парада на гордоста, со цел борба за поголеми права на ЛГБТИ заедницата во Македонија.

Loading...

Парадата е во организација на Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

– Поради стигмата, неприфаќањето и насилството со кое ЛГБТИ заедницата секојдневно се соочува, вашето присуство ќе претставува највидливата и најсилната поддршка која може да ја дадете – апелираат организаторите.

Од организацијата апелираат на настанот да не се носат стаклени и остри предмети и балони.

Пристигнувањето на учесниците е околу 11 часот во паркот „Жена борец“, а по еден час марширање, во градски парк ќе се обратат претставници на НВО секторот и министерката Мила Царовска.

Околу 14 часот настап ќе има и Тамара Тодевска, а освен Македонци, на првата Парада на гордоста се очекуваат и ЛГБТИ лица од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора.

Image by Sephelonor from Pixabay

Leave a Reply