Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на редовната крводарителска акција која се одржа во просториите на кумановската полиција.
Акцијата ја организира кумановската полиција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и општинската организација на Црвениот Крст. Припадниците на полицијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост, истакнаа организаторите.
– Секогаш одлично соработуваме со полициските станици ширум државата. Во Куманово три пати организираме. Обично акциите се успешни и имаме околу 50-тина дарители-изјави доктор Ефтим Димитровски од службата за трансфуциона медицина. Тој ги повика сите кои се здрави да даруваат крв.
Потпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ рече дека акцијата се спроведува согласно годишниот план и посочи дека до крајот на акцијата очекуваат околу 60-тина крводарители. Еден од нив е и Виктор Петровски, вработен во СВР Куманово, кој рече дека дарува крв над дваесет пати и ги повика оние кои се двоумат да даруваат, бидејќи е хумано и добро за здравјето.
СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции годишно, во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина.
МИА