Прв снег во Киев, 10 милиони Украинци останаа без струја

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 10 милиони Украинци во моментов се без струја, објави во четвртокот вечерта претседателот Володимир Зеленски, додека украинската армија објави дека енергетската инфраструктура во земјата е под постојани руски напади.

Loading...

– Во моментов повеќе од десет милиони Украинци немаат струја, особено во регионот на Киев – рече украинскиот претседател во видео обраќање, додавајќи дека властите на некои места наредиле принудно итно прекинување на струјата.

Првиот снег падна во Киев, а службите работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија низ целата земја, откако Русија го започна, според Украинците, најтешкото бомбардирање на цивилната инфраструктура од февруари и почетокот на војната.

Украина обично има долги, студени зими со просечни температури неколку степени под нулата и ниски до минус 20 степени целзиусови.

Агенцијата на ОН соопшти дека затоа се наѕира сериозна хуманитарна криза, каде што милиони ќе бидат соочени со „трајни прекини на електричната енергија“ оваа зима.

Украинската војска соопшти дека енергетската инфраструктура е под постојан напад на руски ракети и беспилотни летала, од главниот град Киев на север до реките Днепар во централна Украина и Одеса на југ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.