Прв работен состанок на министерот Хоџа со претставници на Делегацијата на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска одржа прв работен состанок со претставници на Делегацијата на ЕУ.

Loading...

Како што информира Министерството, фокусот на состанокот беше прогресот на тековните ИПА проекти и проектите кои допрва треба да почнат во рамки на МЗШВ.

– Ова е прв работен состанок на министерот Хоџа, но оваа пракса ќе продолжи и во иднина на месечно ниво со цел активно следење, навремено реагирање и информирање на двете страни во врска со прогресот на проектите, наведуваат од Министерството.

Министерот Хоџа ја истакна личната заложба за подобрување на земјоделството и руралниот развој како врвен приоритет со основна цел за поконкурентно земјоделство.

На состанокот беше спомнато дека во тек е подготовка на национална стратегија за периодот 2021 – 2027 година.

Според раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, искуствата и препораките од досегашните проекти многу ќе помогнат при изработката на патоказите и акциските планови кои водат кон усогласувањето на Националната со заедничката земјоделска политика на ЕУ. 

Мирјана Чакарова

Leave a Reply