Прв пат во историјата: Дрон достави бубрег за трансплантација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Прв пат во истроијата, на хирурзи во американска болница им е доставен бубрег за трансплантација со дрон.

Loading...

Многумина гледаат огромен потенцијал за достава на медицински производи со дронови, додека истите во Африка веќе се употребуваат во медицински цели.

За превозот на органи бил потребен посебно дизајниран дрон кој бил во сосојба да го одржува органот за трансплантација и да го надгледува.

Постои надеж дека тоа ќе овозможи подолги летови и решавање на проблемите за безбедноста на постоечките методи на транспорт.

Примателот, 44-годишна пациентка од Балтимор, чекала осум години на трансплантација.

– Пред многу години, ова не беше нешто за што би размислувале, рекла таа.

Loading...

Според Единствената мрежа за распределба на органи, која управува со пресадувањето на органи во САД, во 2018 година забележани се 114.000 луѓе на листите на чекање, со 1,5 отсто органи кои не пристигнале на дестинацијат аи скоро четири проценти кои доцнеле два часа или повеќе.

Патот од скоро пет километри барал многу нова технологија, вклучително и специјално изграден дрон способен покрај органот да превезува и камери и безбедносни системи за обезбедување на органот во текот на летот и комуникација и безбедносни системи преку густо населено подрачје.

Дронот бил опремен и со падобран во случај на дефект на леталото.

https://youtu.be/RNYCCbCpAlM

Фото: Youtube/Printscreen

Leave a Reply