Прв пат летал со авион па одлучил да направи голема глупост

Сподели со своите пријатели

Кинез кој прв полетал со авион е казнет поради фрлање „паричка за среќа“ во моторот на авионот, пренесува BBC.

Loading...

Овој 20-годишник ќе треба да плати 17.200 американски долари отштета на „Лаки Ер“ за инцидентот што го направил.

Имено, авионот бил приземјен откако биле пронајдени монети во близина на неговиот мотор.

Лу Чао признал дека фрлил парички кога, во февруари 2019 година, се качил во авион на аеродром во источна Кина. Тој се појавил на суд во јули, но пресудата беше објавена дури неодамна и официјално.

Летот беше откажан откако персоналот забележал две монети од еден јуан на земја во близина на еден од моторите на авионите.

Беа извршени сите проверки на безбедноста, а патниците чекаа додека не пристигна друг авион за да го продолжат летот.

Лу бил приведен во полиција 10 дена под обвинение за нарушување на јавен ред и мир, но му било дозволено да плати отштета и да биде пуштена на слобода.

Leave a Reply