Проверете каков воздух дишеме во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од вчеранавечер ставени се во функција мерните станици за квалитетот на воздухот во Куманово, кои со години наназад поради дефект не работеа.

Од сега сите заинтересирани ќе можат да проверат каков воздух дишеме во Куманово само со отворање на страницата Мојвоздух или да ја превземат истоимената апликација на своите смартфони.

Воздухот во Куманово утринава е чист, односно концентрацијата на ПМ10 честиците е испод максималното дозволено ниво и изнесува 45 микрограми на метар кубен, додека над 50 веќе е пречекорување на дозволеното ниво.

kvalitet na vozduh pm10

Според AQI индексот Куманово е на листата градови со мала загаденост односно на самата граница со вредност 25. AQI – Air Quality Index, е нова мерка воведена во МојВоздух која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за Common AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока, и над 100 – екстремно висока.

aqi

Вчеранавечер околу 22 часот концентрацијата на ПМ10 честичките беше на ниво три пати над дозволеното, но дождот кој паѓаше во текот на ноќта донесе ново освежување во градот.

12596275_1113255338693140_998229306_n