Противпожарната единица на Куманово ќе добие нови пожарникари

Сподели со своите пријатели

Според дневниот ред на  47-мата седница на Советот на Општина Куманово, која ќе се одржи во петок е можно да се донесе одлука за вработување на нови пожарникари во Територијалната против пожарна единица – Куманово.

Имено советниците ќе треба да донесат одлука за давање согласност за предлог – одлука за давање на согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за 2016 година за вработување на определено време на работници пожарникари во ТППЕ Куманово.

Според неофицијални информации овие пожарникари веќе се вработени во ТППЕ Куманово, а со оваа одлука само ќе се стават на списокот за редевна исплата на месечна плата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.