Против коронавирусот се бориме со методи стари 5.000 години

Сподели со своите пријатели

Три работи се клучни и најсигурни лекови за заштита од инфекција од коронавирусот – карантин, сапун и алкохол, всушност антички пронајдоци кои се користеле против лепрата и чумата.

Loading...

Карантин

Карантинот, како мерка за контрола на ширењето на болеста, историски е поврзан со персискиот мислител Ибн Сон, кој на Запад е познат како Авицена (980-1037).

Тој бил лекар, филозоф, математичар и физичар. Неговото најпознато дело е „Книгата на исцелување и медицинскиот канон“.

Тој беше првиот што одредил мерка санитарна изолација од 40 дена, што е метод за избегнување на зараза.

Тој го нарекол методот „al-Arba’iniya“ (четириесеттите), кој буквално беше преведен во „карантин“ во раниот венецијански период.

Карантинот била задолжителна практика во болниците низ исламскиот свет за да се спречи ширењето на лепра и други заразни болести. Честата употреба во Европа, особено во Венеција, започнала за време и по чумата и црната смрт во 14 и 15 век.

Терминот „карантин“ означувал четириесетдневен период кога сите бродови морале да бидат изолирани пред патниците и екипажот да можат да заминат на брегот. Успехот на овој метод во борбата против ширењето на епидемии довел до опстанок на терминот „карантин“до денес.

Loading...

Карантинот денеска ги означува сите видови санитарна изолација, дури и кога трае помалку од четириесет дена.

Сапун од Вавилон

Светската здравствена организација советува строга хигиена, миење на рацете и дезинфекција како една од мерките за заштита од коронавирусот.

Постојат докази за употреба на материјали слични на сапун во антички Вавилон, кои датираат од околу 2800 година пред нашата ера.

Сапунот како што знаеме денес, за прв пат е произведен на Блискиот исток во 10 век, период наречен „златно доба на исламот“.

Персискиот лекар, алхемичар и филозоф Абу Бакр Мухамед Ибн Закири ал Рази (854-925), на Запад познат како Разис, опишал неколку рецепти за правење сапун.

Во тоа време, Сирија била најголем производител и извозник на сапун во другите делови на исламскиот свет и во Европа.

До 13-ти век, производството на сапун се проширило на Блискиот исток и Северна Африка, со големи производители во Фес, Наблус, Дамаск и Алепо.

Loading...

Алкохолот е стар четири милениуми

Алкохолот долго време го користеле луѓето како анестетик и средство за дезинфекција.

Историчарите утврдиле дека првите траги од дестилација на алкохол датираат од 2.000 година п.н.е., во цивилизацијата во долините на реката Инд.

Дезинфекцијата со алкохол била воведена во првата багдадска болница, изградена во 805 година од калифот Харун ал-Рашид.

Оваа практика се ширела во исламскиот свет, како резултат на успехот во користењето алкохол како средство за дезинфекција, што резултирало со зголемување на стапката на преживување на пациентите кои се подложени на операција.

Откривањето на дезинфекциското дејство на алкохолот, предизвикало европските јазици да го прифатат оригиналното арапско име (ал-Кухул), што значи „суштина“, име добиено од методот на дестилација.

Денес, глобалната побарувачка за медицински алкохол достигна невиден врв. Антисептичките гелови базирани на алкохол станаа неопходни за чистење на рацете поради заштитата од коронавирусот.

Leave a Reply