Против Гугл е поднесена тужба за нарушување на приватноста на корисниците и следење на локацијата

Сподели со своите пријатели

Од оваа недела можеме да додадеме уште една на растечката листа на тужби против Alphabet, односно Гугл. Во САД, округот Колумбија и три држави поднесоа тужба против интернет гигантот за нарушување на приватноста на корисниците на нивните услуги и за примена на бизнис модел кој, како што тврдат, се заснова на постојано следење на неговите корисници.

Loading...

 

 

Во тужбата се наведува дека, реално, корисниците на производите на Гугл не можат да ја спречат компанијата да собира и складира информации за нивната локација, а Гугл заработува од тие информации. Се наведува дека Гугл има можност секојдневно да ги следи животите на своите корисници без преседан, за што, се разбира, тие немаат никакво знаење. И собирањето на тие податоци е од клучно значење за нивниот бизнис со дигитално рекламирање, кој на Alphabet му донесе приход од 150 милијарди долари во 2020 година.

Исто така, Гугл ги уверува корисниците дека имаат целосна контрола врз нивните податоци, а во реалноста тоа не се покажа како точно, се тврди во тужбата.

 

Loading...

Се очекува Гугл да ги отфрли наводите во тужбата. Во соопштението за печатот, тие велат дека податоците користени во тужбата се засноваат на неточни и застарени тврдења за поставките на Гугл.

„Секогаш имплементиравме опции за приватност во нашите производи и обезбедувавме силна контрола врз податоците за локацијата“, се вели во соопштението потпишано од портпаролот на Гугл, Хозе Кастанеда.

 

 

Инаку, слична тужба против Гугл беше поднесена и пред две години во Аризона, но судијата одби да донесе пресуда во кратка постапка, со образложение дека нема доволно докази за таквото барање на обвинителството. Судијата потоа рече дека одлуката се заснова на податоци за внатрешна комуникација во самиот Гугл и дека податоците не покажуваат дека Гугл ги доведува во заблуда корисниците за заштита на нивните лични податоци.