Протест во Романовце – возачите го користат локалниот пат за да избегнат патарини (видео)

Сподели со своите пријатели

Со неколкучасовна блокада на главниот пат, жителите на кумановското село Романовце вчера протестираа, барајќи да се постават т.н лежечки полицајци, објави ТВ 21.

Тие се жалат дека се зголемува фреквенцијата на возила, кои се движат со над дозволена брзина. Како што велат жителите, поради избегнување на плаќање патарини на автопатот голем број на возачи го користат овој пат да стигнат од Куманово до Скопје.

Пред два дена со тешки телесни повреди се здобило 20 годишно момче, како последица од удар од возило, а возачот избегал од местото на несреќата.

„Син ми бил на мотор. Одејќи кај негов пријател бил удрен од возило. Имаме информации од неколку пријатели и случајни минувачи кои ни рекоа дека го виделе возачот како побегнал и воопшто не застанал да му пружи помош“,

Претседателот на месната заедница, Орхан Амети бара од општина што поскоро да постави т.н лежечки полицајци на патот со цел спречување на вакви сообраќајни незгоди.

„Денеска бевме во општина, но градоначалникот не беше таму. Ќе одиме повторно, бидејќи ни рекоа дека се наоѓа надвор од државата. Претходно се случија и други сообраќајки, но досега никој не преземал никакви мерки, ниту полицијата ниту пак некој друг. Брзината е ограничена на 30 км на час, а тука возат со 70 км на час.“, изјави Орхан Амети, претседател на месната заедница на Романовце.

Жителите велат дека низ селото поминуваат и тешки транспортни возила со цел да избегнат плаќање патарини. Од општина Куманово велат дека градоначалникот Зоран Дамјановски е надвор од државата, а кога ќе се врати ќе се обиде да изнајде решение за проблемот. Жителите на Романовце велат дека повторно ќе го блокираат патот доколку за една недела не биде решен проблемот.

Преземено од порталот на ТВ 21

 

Loading...