Протест пред Министерството за внатрешни работи за крстот во Бутел

Сподели со своите пријатели

Стотина граѓани со развирени знамиња се упатија кон Министерството за внатрешни работи каде денеска има закажно протест за крстот во Бутел, јавува ПлусИнфо.

Протестантите носат транспаренти „Оливер зошто не си поднесеш оставка“, а скандираат „Македонија“, „Заев излези на избори“, „Опозицијата ја уништи Македонија“.

Организатор на протестот е Светскиот македонски конгрес со барање до МВР да се обезбедат услови за доизградба на крстот во Бутел, како и да се врати локацијата на изведувачот на градежните работи и да се преземат соодветни мерки за оние кои го оштетиле имотот.

Како и досегашните демонстрации во Бутел организирани од ДУИ, најверојатно и зад овој протест стои некој од поилитичките субјекти во државата.

фото: ПлусИнфо