Протест и контра-протест денес пред Уставниот суд

Сподели со своите пријатели

Граѓанската опција „Ајде“ денес во 18 часот пред Уставниот суд со протест ќе излезе против како што велат неуставното работење на институцијата.

Протестот кој ќе започне пред зградата на Владата на Република Македонија, ќе продолжи пред народната канцеларија на претседателот Иванов, потоа пред Собранието за да на крај заврши пред Уставниот суд.

Поддршка на протестот најави и лидерот на опозицијата и прв човек на СДСМ, Зоран Заев кој заедно со својата политичка партија ќе излезе во одбрана на уставот на Македонија.

Од друга страна контра-протест организира ГРОМ и Стевче Јакимовски, тие пак својот протест ќе го започнат пред објектите на Агенцијата за електронски комуникации и Обвинителството во близина на Уставниот суд, каде во исто време ќе бидат СДСМ и граѓанските организации.

Споре Јакимовски институциите не смеат да работат под политички притисок и дека секој мора да сноси одговорност за стореното.

Инаку утре наутро треба да се разгледа иницијативата за укинување на делови од Законот за помилување, со што Претесдателот на државата би имал можност да помилува и осудени за изборени измами, предофилија и дрога.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.