ПРОТЕКОТОРАТ И БУГАРСКИ ДИКТАТ

Сподели со своите пријатели

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Loading...

Во меѓународното право протекторат е политички ентитет, кој формално се согласува да влезе во нееднаква положба со друга посилна држава или организација, наречена протектор или заштитник. За замена на заштитата, протекторатот прифаќа одредени обврски кои можат да варираат во зависност од врската помеѓу протекторот и протекторатот. Во Европа современи примери за протекторат се Босна и Херцеговина и Косово, под заштита на Обединетите Нации.

Според јавното мислење ние можеби наликуваме на протекторат де факто, но според однесувањето на политичарите во изминатите декади ќе станеме и де јуре протекторат. Од друга страна, сервилноста на политикантите во извршувањето на сите зададени задачи да се извршат на штета на унитарноста и националниот интерес на Македонија, а за своја лична корист, можеби и подобро е ние да сме целосно функционален протекторат.

А, што претставува “диктат“ кон една независна и суверена демократска држава, каква што е државата Македонија? Одговорот е повеќе од јасен. Тоа е тероризирање на еден народ кој на плебицитарен начин на 8 семптември громогласно кажа: ДА, сакаме држава со сите нишани и белези!

Име, идентитет, јазик, историја и културно наследство кое ни припаѓа – наше е и само наше!

Што тука не е јасно?

Мудрата политика на поранешните „стари лисци“, како што беше првиот македонски премиер Никола Кљусев со своите потези, умееле и знаеле како да се однесуваат во тоа време!

Се разбира, имавме и се’ уште имаме од оние кои како црви и крлежи ги поткопуваа темелите на државата Македонија ставајќи ги пред се’ своите лични интереси, а трампајќи ја сувереноста, независноста и унитарноста  за проклети и пусти пари!

Loading...

Поради таквите политиканти, една златна држава, создадена по божја промисла, од унитарна и независна, стена ПРОТЕКТОРАТ, под друга и туѓа управа и контрола!

Од демократска и независна држава, де факто станавме протекторат под контрола и со секојдневни закани, уцени и наметнувања на туѓи влијанија, функционираме под присила!

Дали Македонија и нејзиниот лојален народ кој себе се чувствува и доживува како Македонци, по род и државјанство, поднесува ваков срамен однос од страна на надворешни фактори?

Кому му пречи Македонија да си го живее сопствениот самостоен и суверен политички живот во светот?

А, што се’ не’, сторија Македонија и македонскиот народ, која “саможртва“ ја дадоа за таканаречената “евроатлантска интеграција“?!

Кој не знае дека Македонија е важна држава во геополитиката на Балканот и воопшто во Европа и во светот?

Дали светот и натаму треба да си поигрува со нас како народ и како интелектуален коефициент, знаејќи колку Македонци докажале и покажале дека се први во светот во науката, бизнисот, спортот, културата?

Што добивме за возврат?

Loading...

Ништо, освен стапот, како сакате протолкувајте го ова!

Сега запнале за уставни измени! Дали забораваат дека, пред речиси пет години во Нивице, токму местото каде се случи голем грчки погром врз Македонците,  се потпиша еден предавнички и самоуништувачки документ – Преспанска спогодба, со овој договор мнозинскиот македонски народ си ги жртвуваше сопствената автохтоност и државотворност за сметка на албанската етничка заедница, која со сила во тоа време во Македонија броеше одвај 14 проценти. Ова се оценки и проценки на Германката Дорис Пак!

За жал, новиот имиџ на Македонија е Протекторат со бугарски диктат, во копродукција на членот на УДБА Александар Антиќ и анонимниот политикант кој како од Марс да слетал на овие простори Димитар Ковачевски, алијас Таче.

Овие двајцата ја реализираат оваа проклета епизода која дефинитиво за секогаш ќе стави крај за Македонија – федерализација!

Самото однесување, дрскост, нечувствителност, неетичност, со еден збор нехуманост и на крајот неџентлменски или европски, го потврдува фактот дека се подготвува иста девастација или предавство од овој пат според народната, „Марсовецот“ Таче.

Уставни измени ДА, но најпрво да се чуе Гласот и волјата на народот на ИЗБОРИ. БРЗИ и есенски!

Септември или почетокот на Октомври 2023. Чесно и домаќински, нели? Ако народот гласа за уставни измени, нека ги, секоја чест аферим!

Но, девастирачката бригада, или банда се плаши од избори, заедно со западните мешетари.

Loading...

Иако нивното мото е: Морате да донесете историски одлуки и ете утре или задутре во иднина, во 22 век ќе станете дел од европското семејство!

Каква перверзија, Ви се молам?

Патем, како би се чувствувале мешетарите на ЕУ, кога кај нив ним дома некој би им го правел тоа што сега ни го прават нам во државата Македонија?!

И покрај се’ и после се’, избори треба да се случат веднаш, за уставни измени има време кога да дојде ако треба да дојде!

Но, кој и зошто се плаши од избори?

Тие кои рекоа дека ќе јадат живи луѓе, тајфата на Таче слушам јадат ирваси, другите на Аца суџуци, и така шветска маса, но македонското национално богаство не е на распродажба, девастација или шведска маса!

Loading...

Замислете кој упорно сето ова го брка и тера?! Само лица кои немаат чувство за македонска национална припадност или воопшто не се чувствуваат за Македонци по род и државјанство!

Од нив остана само зборот СЕВЕРНА, наспроти суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија!

Деновиве се изнагледавме на тројки од европската заедница (и по некој од САД) како мешетарат повторувајќи дека, МОРА да направите уставни измени, во спротивно ви следи изолација! Тоа е епилогот од тројката “Аустерлих формат“ во име на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Ни порачаа дека Македонија нема време за губење и ако не го измени уставот и’ се заканува изолација! Нели е оваа предрско и неевропски? Останува уште да  „воскресне“ уште и починатата британска кралица Елизабета и нејзе да ја испратат во Македонија и да изврши притисок врз Македонија и Македонците,но чисто се сомневам во тоа,знаејќи го фактот дека британците и удрија „шут карта“ на ЕУ,со БРЕГЗИТ!

За потсетување, Македонија е држава која токму од светските уставни судии предводени од калибарот на Бадентер во далечната 1992 година рекоа „ДА“ за Македонија, заедно со Словенија ги исполнува критериумите за членство во ЕУ!

Да, почитувани од Тројката од „Аустерлих форматот“! Ниту Чешка, ниту Словачка ги имале овие атрибути во далечната 1992 година, како што Македонија ги доби од Арбитражната комисија на Европската Унија!

Loading...

 

Го спомнав Бранко Црвенковвски… Тој, на личен план, ми наштети многу. И како на новинар и како на државјанин на Македонија и секако како на родител и сопруг. Ме избрка од работа од МРТВ во 2003/2004 година без никаква причина. Затоа што, во 2001 што се залагав за Македонија и нејзината унитарност. Ме избрка од работа поради коалицијата со Али Баба… Штетите од таа коалиција ги чувствуваме денес! Но, сега, сакам само да го пофалам, бидејќи покажа државнички став: Македоноја стори се’ за членството во ЕУ и НАТО, денес ЕУ и НАТО должни се да и’ вратат! Чесно и државнички е некој да тропне на маса! За разлика од неговиот хомодуплекс, Љубчо Георгиевски, кој со полно срце и насмеано лице во негов стил и лик, бугарскиот диктат го смета за најдоброто за Македонија! Тој веќе се изјасни од порано за Бугарин!

Чесно е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, да се обединат со граѓанското движење на Максим Димитриевски, ГРОМ на Стевче Јакимовски и други опоненти на актуелната влада, под итно да се интегрираат во една семакедонска коалиција, против оваа девастирачка и од самите странци, тројки, четворки, амбасадорски елити, наречена корумпирана власт во Македонија.

Народот очекуваше борба против организираниот криминал и корумпираната власт после изјавата на американската амбасадорка Агелер со препорака на Стејт Департментот откако слета од авион. Самата рече дека е дојдена да ги смести криминалците и корумпираните политичари во Македонија таму каде им е местото!

За потсетување, видовме што се случи кога требаше да се смени насилнички името на државата Македонија? Веднаш се случи познатата шарена револуција! Познат метод кој ни е познат од северна Африка од Египет, Либија, и ред други држави, по иста матрица и упатство за работа! Инсталираа паралелна институција во државата – Специјално јавно обвинителство со најголемиот криминалец Катица Јанева и видовме како завршија!

Loading...

Но, овојпат нема да се случат вакви работи! Пораката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е јасна како ден: Иако деновиве е најавена посета и на министерите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска, доколку доаѓаат за уставните измени, пораката и аргументите на ВМРО-ДПМНЕ се исти – Нема да се случат под „бугарски диктат“. И никој друг нема да биде виновен за тоа, освен владата предводена од колацијата ДУИ и СДСМ, од Али Ахмети и Димитар Ковачевски!

Испливаа многу криминални финансиски афери за кои пренесуваат медиумите и обвинува опозицијата на адреса на интегративецот  Али кој после Тито и Мугабе е трет со политички лидерски стаж на чело на една власт. И лидерот на Алијансата на Албанците повтори дека најголема криминална политичка партија кај Албанците и во Македонија воопшто е ДУИ! Дали Таравари најави можност за ИЗБОРИ и излез од коалицијата?

 

Ќе ја заокружам колумната со изјавата и објаснувањата на Мицкоски за цврстиот став зошто нема да има уставни измени и кој е виновен за сето ова. Тој меѓу другото рече: „Основен виновник, ако Македонија задоцни во процесот на евроинтеграција е оваа криминална влада! Освен што потпишува договори на слепо, многу краде и е неспособна. Се’ ова да беше спротивно од она кое јас го зборувам, ние денеска ќе зборувавме за отварање на кластери, отварање на поглавја и така натаму, но и тоа ќе се случи. Со промена на оваа влада ќе дојдат луѓе кои знаат како да ја изведат Македонија од оваа состојба во која се наоѓа,“ истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи: „Имаме ние многу суштински, реални проблеми кои се многу поважни од тоа дали владината коалиција ќе се одржи уште некој месец повеќе на политичката сцена, луѓето кои немаат народен легитимитет како Маричиќ, Ковачевски, Османи и останата група таму во владата!“

Заклучок: Држава ќе бидеме со сите нишани, кога Македонија ќе ја водат политичари со црст став,и одлучност како што се во соседството, Александар Вуќиќ, Виктор Орбан, државници кои не дозволуваат никој да им додава во водењето на политиката „зачини“  или појава на клиентелизам!

Со еден збор, тоа ќе се случи доколу веднаш  се обедини целиот опозициски блок и без никаква межусебна суета, карања и нетрпенија, ставајќи ја пред   се после се Македонија како единствен АДУТ, за нашето постоење,и опстојување!

Loading...

Во спротивно и натаму, ќе бидеме Протекторат со бугарски диктат!

Изнесените ставови во колумната се лични ставови на авторот и може, но не мора да ги одразуваат ставовите на уредувачката политика на порталот!