Протекоа три милијарди мејлови и лозинки: Проверете дали сте загрозени

Сподели со своите пријатели

Повеќе од три милијарди електронски адреси и лозинки се појавија на „црниот пазар“.

Loading...

Според порталот CyberNews, на популарниот форум за хакери се појавиле околу 3,2 милијарди акредитиви (комбинација на е-пошта и лозинки), кој вклучува некои од најпопуларните интернет страници, како што се Netflix, LinkedIn и други.

 

 

Да бидеме целосно јасни – ова не ги вклучува само кодовите за пристап до одредена адреса за е-пошта, туку и ингеренциите кои се користат за пристап до кој било од профилите на други страници.

За оние кои користат исто корисничко име и лозинка за сите услуги, ова може да биде голем проблем.

Целта не бил одреден клиент за е-пошта – сите биле подеднакво погодени (Hotmail, Gmail, Yahoo и други).

Loading...

Порталот наведува и дека најверојатно станува збор за компилација од оние кориснички имиња и лозинки кои претходно биле мета на хакери – не е нов напад, туку колекција на разни претходно протечени податоци, што не ја намалува сериозноста на целиот потфат, бидејќи ретко се случува што е толку многу на едно место.

 

 

Со оглед на овие информации, треба да бидете сигурни дали и вашата адреса за е-пошта е компромитирана. За да го направите ова, најдобро би било да ја отворите историјата на активности и да видите од каде и кога сте најавени.

Исто така, за да се заштитите, најбезбедно е да имате автентикација со два фактори, ако е можно, и да не користите исто корисничко име и лозинка за сите профил што ги имате (на пример, за сите социјални мрежи или за сите платформи за стриминг).

Leave a Reply