Протекоа „досиејата на Борис“ кои ги откриваат контроверзните афери на поранешниот британски премиер

Сподели со своите пријатели

Голем обем на протечени податоци од приватната канцеларија на Борис Џонсон открива како поранешниот британски премиер наводно ги користел контактите и влијанието стекнато за време на неговиот мандат за лична финансиска добивка, потенцијално кршејќи ги прописите за етика и лобирање.

Документите, познати како „Досиеја на Борис“, содржат е-пошта, писма, фактури, аудио снимки и деловни договори, фрлајќи светлина врз работењето на јавно субвенционираната фирма што Џонсон ја основал откако ја напуштил Даунинг стрит во септември 2022 година.

Според британскиот Гардијан, кој имал пристап до досиејата, откриено е дека Џонсон ја користел фирмата за управување со низа високо платени работни места и деловни потфати, што покренува прашања за можно кршење на правилата за таканаречената „ротирачка врата“, која ги регулира активностите на поранешните министри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовен прекин на струјата во Берлин. Се сомневаат на саботажа

Повеќе од 1.800 документи го опфаќаат периодот од септември 2022 година до јули 2024 година, со записи и од времето на Џонсон како премиер.

Документите наводно покажуваат дека Џонсон лобирал кај висок саудиски функционер со кого се сретнал за време на неговиот мандат, обидувајќи се да му презентира деловна понуда на престолонаследникот Мохамед бин Салман, за фирма со која е копретседател, дека добил повеќе од 200.000 фунти од фондот по состанокот со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, и покрај тоа што претходно тврдел дека не му е платено.

Во документите исто така се наведува дека додека бил на функција, Џонсон имал таен состанок со милијардерот Питер Тиел, основачот на контроверзната американска фирма за обработка на податоци Палантир, неколку месеци пред фирмата да добие улога во управувањето со податоците на здравствениот систем на Велика Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Непал ја укина забраната за социјални мрежи по 19 смртни случаи

„Досиејата на Борис“, исто така, отвораат прашања за начинот на користење на таканаречените надоместоци за јавни функции (PDCA), годишни владини субвенции наменети за поранешни премиери за трошоци „кои произлегуваат од нивната посебна позиција во јавниот живот“, кои не треба да се користат за приватни или комерцијални активности.

Висок извор од кабинетот потврди дека Џонсон користел средства од оваа програма за да ги плати вработените во неговата канцеларија.

Од октомври 2022 до мај 2024 година, поранешниот премиер наводно заработил околу 5,1 милион фунти, или 5,9 милиони евра, од 34 говори.