Прославата на Кинеската Нова година го предизвика најголемиот сообраќаен метеж во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Започна Кинеската нова година која е најважниот и најдолгиот традиционален кинески празник.

Се прославува како во Кина, така и ширум светот. Позната е како најголемиот празничен сообраќаен метеж во светот затоа што стотици милиони работници мигранти од одалечените краеви и зафрлени градови во Кина тргнуваат на пат за да празникот го одбележат дома.

Се очекува вкупно да бидат реализирани околу три милијарди патувања, а само кинеската железница вчера презеде девет милиони патници.

Кинеската Нова година одбележана во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Од година на петелот влегуваме во година на песот. Тој симбол, според кинескиот хороскоп на сите ќе им донесе мудри одлуки, ќе се прават добри темели за нови почетоци, ќе бидеме поснаодливи, поиздржливи и ладнокрвни во потенцијално тешки моменти.

Можеби токму таа симболика довела до одбележување на Кинеската нова година и на едно многу неочекувано место – берзата во Њујорк.

Но, според кинескиот хороскоп, нема се да биде во бизнис зделките. Годината па пламеното црвено куче значи и дека многу време ќе минеме во хармонија со семејството и пријателите.

https://youtu.be/K7Bp5C2M020

Leave a Reply