Проштална средба на Османи со амбасадор Предан

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари проштална средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Предан.

Loading...

На средбата, Османи му врачи благодарница на амбасадорот Предан, за неговиот несебичен ангажман во развојот на односите и соработката меѓу двете земји, како и од одличната комуникација меѓу Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и Амбасадата на Словенија во Скопје.

Соговорниците разменија мислења и за актуелни теми од регионален и меѓународен карактер, како и соработката во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, САД-Јадранската повелба и Процесот за соработка во Југо-источна Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВРЕМЕПЛОВ: Потресни сведочења на преживеаните од земјотресот во 1963