ПРОСЕЧНО 608 ЧАСА ГОДИШНО ПОМИНУВАМЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, за тоа време може да се прочитаат 200 книги…

Сподели со своите пријатели

Ако имате профил на „Фејсбук“ или „Инстаграм“, многу е веројатно дека поминувате најмалку 50 минути на нив секој ден, додека оставате околу 40 минути на „Јутјуб“, но имате и „Твитер“, потоа „Снепчет“ и други социјални мрежи и апликации кои ни ги крадат животите.

Loading...

Овие податоци беа добиени од тим истражувачи кои спроведоа студија за маркетинг агенција, кога експертите укажаа на опасноста – дека поминуваме во просек 608 часа годишно на социјалните мрежи и 1.642 часа гледајќи телевизија, и за тоа време (вкупно од 2.250 часа) можевме да читаме дури 1.000 книги годишно.

 

 

Авторите на студијата дошле до овие податоци заклучувајќи дека просечен Американец чита помеѓу 200 и 400 зборови во минута, што во принцип се однесува на други нации. Тие започнаа од фактот дека просечната книга содржи околу 50 000 зборови, па тоа тие го помножија тој број за 200 – што е бројот на книги што секој човек може да ги прочита, за да достигне 10 милиони зборови.

За тоа време можеше да се прочитаат 200 книги …

Потоа тие го поделија тој број со 400 (бројот на прочитани зборови во минута) и повторно го поделија на 60 (минути), кога дојдоа до заклучок дека ни требаат 417 часа за да прочитаме 200 книги. А ние поминуваме 2.250 часа годишно на социјалните медиуми и ТВ.

Loading...

 

 

Иако податоците се изненадувачки, бидејќи ретко кој чита толку многу книги, истражувачите велат дека дефинитивно е подобро да се фокусирате на нив наместо да ги расипувате очите пред екранот. Тие нè советуваат само да размислиме колку подобро би се чувствувале ако наместо сапуници и озборувања за познатите, но и навистина ирелевантни „ликови“, читаме неколку интересни и корисни работи на хартија, зад кои стојат паметни луѓе.

Leave a Reply